Иднината е неверојатно светла за рускиот сателит, кој ќе засени сè освен месечината за неполни две недели. Малиот сателит „Мајак“, што во превод значи светилник, ќе биде лансиран на 14 јули од возилото „Сојуз“ 2.1, од космодромот Бајконур во Казахстан.

Откако ќе се најде во орбитата на височина од околу 595 километри ќе открие огромен рефлектор во облик на пирамида, кој ќе свети посјајно од која било друга ѕвезда на ноќното небо. Рефлекторот на „Мајак“ кој ќе се простира на 15,7 метри квадратни, наводно е 20 пати потенок од човечко влакно.

Сателитот се очекува да блесне со магнитуда – мерка на осветленост – од околу -3.6, со што ќе стане четвртиот најсветол објект на небото по Сонцето, Месечината и Венера. Во некои извештаи пишува дека осветленоста ќе е -10 и доколку е ова точно тогаш „Мајак“ би бил посветол и од Венера.

Мисијата исто така ќе служи како демонстрација на технологија за да се сопрат сателитите во орбитата и да се де-орбитираат. Проектот, предводен од Московскиот државен универзитет за машинско инженерство привлече повеќе од 30.000 долари на веб-страницата посетена од руската публика Boomstarter.

Но, некои астрономи ја истакнуваат темната страна на мисијата. Многу програми за астрономија се потпираат на набљудување на целото ноќно небо, а со оваа „светла ѕвезда“ тоа би можело да биде проблематично.

„Ние толку напорно се бориме за темното небо во и околу нашата планета. Да гледам како тоа ќе биде потенцијално уништено од глупост финансирана од маса луѓе, едноставно ме става во очај.“, изјавил Ник Хауз, астроном и поранешниот заменик-шеф на опсерваторијата Kielder во Нортамберленд.

Главата на овој проект Алекс Шаенко, претходно изјавил: „Неговата светлина нема да биде проблем, затоа што има многу други вселенски летала што летаат на ноќното небо, некои дури посветли и од Мајак“.

Сподели на Facebook
пати видено