Антикитера механизмот e необичен артефакт што ги заинтригира археолозите, класицистите, историчарите и јавноста со децении. Овој механизам го нарекуваат и „првиот компјутер во светот“. Антикитера механизмот бил пронајден во 1901 година на потонат брод од римско време.
Во 1901 година еден нуркач починал а двајца биле парализирани додека го истражувале потонатиот брод. Астрофизичар од Универзитетот во Атина, Ксенофон Мусас во 2006 година поставил теорија дека бродот бил на пат кон Рим како дел од триумфалната парада за Јулиј Цезар во 1 век пр.н.е.
Вистинската вредност на механизмот била препознаена по 75 години, од страна на физичарот и историчарот Дерек де Сола, но неговата работа останала недовршена бидејќи починал во 1983 година а не успеал да открие како функционирала направата.
Механизмот бил наречен првиот аналоген компјутер бидејќи бил дизајниран да пресметува датуми и да предвиди астрономски појави. Некои научници тврдат дека Антикитера бил создаден од таткото на тригонометријата, Хипарх, кој бил астролог, астроном, географ и математичар.
Интересно е што механизмот бил толку напреден што не бил заменет од друга технологија околу 1500 години. Слични астрономски часовници се појавиле повторно во Европа во 14 век. Најсофистицираното нешто што механизмот го правел биле лунарните пресметки.
Според најново истражување на Александар Џонс и неговите колеги, механизмот можел да следи најмалку 42 различни календарски настани. со помош на тие датуми Џонс и неговите колеги пресметале каде живеел креаторот на механизмот и откриле дека се работи за островот Родос. Научниците исто така откриле дека механизмот се однесува на бојата, големината и поврзаните ветрови со еклипсите. Грците верувале дека карактеристиките на затемнувањето се поврзани со добри и лоши предзнаци, што значи дека овој механизам им служел и како направа за „предвидување“ на иднината.
Механизмот вклучува насоки за Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн, кои се лесно видливи на небото, како и ротирачка топка која ги прикажува фазите на Месечината. Деловите кои ги користеле овие планетарни покажувачи ги нема, но текстот на предната плоча на механизмот го потврдува тоа, според Џонс и неговиот тим, планетарното движење било математички моделирано и биле користени многу комплексни и точни механизми.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.