Денес Дизни им даде среќен крај на бајките и ние ги знаеме како такви. Но, вистината зад бајките е далеку од насмеани лица и среќен крај.

Волшебниот свирач

Откако во едно село се појавиле многу стаорци, селаните го најмиле волшебниот свирач да ги избрка од селото во замена за пари. Кога не му платиле тој ги земал децата од селото со себе. Во модерната верзија ги носи во пештера и кога селаните ќе му платат ги враќа но во суровиот оригинал ги води децата право кон реката каде што сите се дават. Некои експерти велат дека има знаци на педофилија во оваа приказна.

Црвенкапа

На сите ни е познат среќниот крај кога Црвенкапа ја спасува храбриот ловец од волкот. Во оригиналната приказна Црвенкапа талка низ шумата и добива лажни инструкции од волкот и откако ќе се изгуби волкот го јаде девојчето. Поуката од оваа приказна била да не се прифаќаат совети од непознати.

Малата сирена

Во верзијата на Дизни бајката завршува со голема свадба на Ариел која станува човечко суштество и принцот Ерик. Но според Ханс Кристијан Андерсен, сирената го гледа принцот како прави свадба со принцеза и станува очајна. На сирената и бил понуден нож за да го убие принцот, но наместо тоа таа се самоубила така што скокнала во морето и се претворила во пена.

Снежана

Оваа бајка е прилично изменета. Злобната кралица не го барала од ловецот срцето на Снежана туку црниот дроб и белите дробови за да ги изеде за вечера. Снежана не се разбудила од бакнежот од принцот, туку нејзиното тело паднало од коњот на принцот додека ја носел дома. На крајот злобната кралица добива казна да игра до смрт во жешки железни чевли.

Заспаната убавица

Во оригиналната бајка принцезата заспала поради пророштво а не клетва и не ја разбудил бакнеж од принц туку била силувана. По 9 месеци родила две деца, додека уште спие и едно од децата и го цицало прстот и го извлекло парчето лен поради кое спиела. Кога се разбудила сфатила дека е силувана и мајка на две деца.

Румпелстилскин

Кога жената ќе му го погоди името на Румпелстилскин, што било дел од загатката за да си го врати детето, Румпелстилскин станува толку многу лут што удира со десната нога и таа завршува длабоко во земјата. Потоа ја зграбил и левата нога и се поделил на два дела и потоа умира.

Златокоса

Во модерната приказна убавата Златокоса влегува во куќата на трите мечки, ја јаде нивната храна заспива на еден од нивните кревети и бега низ прозорецот кога мечките ќе пристигнат дома. Но во две претходни верзии не е така. Во првата мечките ја убиваат Златокоса, а во втората Златокоса всушност е старица која исто така бега од прозорецот на крајот од приказната.

Јованче и Марика

Во стара француска верзија наместо вештерка има ѓавол, кој ги измамил децата. Кога ги заробил им кажал да легнат на „магаре“ за сечење дрва, за да ги убие со пила но кога децата кажале дека не знаат како да легнат, жената на ѓаволот легнала за да им покаже, тогаш тие и го пресекле грлото и избегале.

Девојчето без раце

Оваа приказна во сите варијанти е морбидна. Во новата верзија ѓаволот му понудил на сиромашниот човек богатство доколку му го даде онаа што стои зад млинот. Човекот мислел дека таму има само јаболкница, но всушност стоела негоата ќерка. Ѓаволот не можел да го земе девојчето затоа што било невино. Тој се заканил дека ќе го земе нејзиниот татко доколку не му дозволи да и ги исече рацете. Таткото му ги сече рацете на девојчето. Но во постара верзија девојчето само си ги сече рацете за да стане грдо и да не ја силува нејзиниот брат, а во друга верзија таткото му ги сече рацете на девојчето затоа што одбило да спие со него.

Пепелашка

Во оригиналната верзија на браќата Грим злобните сестри сечат дел од нивните стапала за да им биде точно чевличето. Принцот го предупредиле за измамата два гулаби, кои им ги ископале очите на сестрите. Тие завршуваат како слепи просјаци, додека пепелашка среќно живее во замокот на принцот.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено