За жал најголемите промени доаѓаат по најголемите катастрофи. Ова се неколку случки кои што предизвикаа вистински хаос во општеството.

Истурањето на нафтата во Мексико

Се смета дека нафтената дамка во Мексиканскиот залив во 2010 година е една од најкатастрофалните работи кои можат да и се случат на природата. Во несреќата загинале 11 луѓе, а нивните тела не биле пронајдени. Сега има многу силни мерки за безбедност и се вршат чести проверки со надеж вакво нешто да не се случи никогаш повеќе.

Хинденбургова катастрофа

Патувањето со леталото Хинденбург е сметано за најбрзиот начин да се премине Атлантикот. Цепелинот се сметал за иднината на воздушниот сообраќај. Хинденбург бил резервиран за богатите луѓе и имало префинети јадења, жива музика и комфорни соби за спиење. Но во 1937 се случил инцидент, во кој животот го загубиле 35 патници и еден член на екипажот. По овој инцидент за патување почнале да се користат авионите.

11.09.2001 година

Овој настан толку го потресе светот што нема потреба додатно да се опишува. Пред 11 септември, 2001 година патниците во авионите можеле да носат и метални предмети, како што се на пример ножиците, доколку ги пријават. Сега мерките за безбедност се огромни и како што се зголемува можноста за терористички напади така ќе растат и безбедносните мерки.

Чернобил

Уште еден инцидент кој нема потреба да биде опишуван. По него се покренуваат прашања во врска со иднината на нуклеарните централи и какви мерки треба да се преземат за да се спречи нов сличен инцидент. Некои држави ги затвориле нуклеарните централи а други поставиле сосема нови мерки за безбедност, по катастрофата во Фукушима во Јапонија, поимот за безбедност се уште е дискутабилен.

Бурата во Њујорк во 1888 година

Ова била најжестоката бура во историјата на САД. Термометрите покажувале -15 степени со месеци. 400 луѓе починале а повеќето од нив останале затрупани под снегот со денови. Патиштата биле целосно неупотребливи. Тогаш за прв пат се јавила идејата за подземен транспорт.

Пожарот во „Triangle Shirtwaist Factory“

Овој пожар е запаметен како еден од најголемите инциденти во историјата на САД. Пожарот избувнал во њујоршката фабрика во 1911 година. Во рок од неколку минути починале 145 луѓе. Жените скокале од прозорците да се спасат, но повеќето од нив биле проголтани од огнените јазици. Сите биле шокирани кога судот ги прогласил сопствениците на фабриката за невини и покрај сите докази за небрежност и несоодветни мерки. Сепак по овој пожар драстично се менуваат мерките за безбедност во фабриките.

Црната смрт

Откако се појавила во централна Азија во 1340 година, чумата се проширила со голема брзина и наскоро 1/3 од населението во Кина било заразено. Стигнала до Италија преку брод, на кој повеќето патници веќе биле мртви, чумата се ширела, убивајќи околу 45-50% од целото население на Европа. По овој кошмар биле воведени нови правила за бродовите на пристаништата, за да се спречат идни зарази.

Талидомид

Талидомид за прв пат почнал да се продава во Германија во 1957 година, под името „Contergan“ и станал познат на пазарот како средство против анксиозноста, несоницата и стресот. Женте низ целиот свет почнале да го купуваат затоа што наводно помагало против утринското гадење. Набргу откако лекот бил продаден во Западна Германија, помеѓу 5.000 и 7.000 бебиња биле родени со фокомелија (деформации на екстремитетите). Само 40% од овие деца преживеале. Во целиот свет, околу 10.000 случаи биле пријавени кај доенчиња со фокомелија поради Талидомид. Само 50% од 10.000 преживеале. Ова се смета за „најголемата медицинска трагедија“ и мерките за тестирање на лекови се зголемуваат, а се покренува и прашањето за тестирање на лековите врз животни, бидејќи Талидомид првично бил тестиран врз нив, но не покажал несакани ефекти.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено