Иако повеќето од нас би сакале да се вратиме назад во времето, да ја бакнеме симпатијата или да го убиеме Хитлер, или пак да одиме во иднината, сепак уште не е потврдено дека некој навистина го направил тоа. Според овие докази патувањето низ времето е возможно. Некои од нив навистина делуваат бесмислено и неиздржано, но сепак ќе Ве заинтригираат.

Малиот часовник

Во декември 2008 година кинески археолози откриле огромна гробница за која се верувало дека му припаѓа на Си Кинг и дека е стара околу 400 години. Но онаа што навистина ги зачудило археолозите не биле коските на Си, туку мало парче позлатен метал, кое наликувало на часовник, со стрелки кои покажувале на 10:06 и изгравиран зборот „Швајцарски“. Часовник кој не можел да биде постар од 100 години. Бидејќи не било пронајдено логично решение многу луѓе го протолкувале овој случај како подарок од патник низ времето.

Инцидентот на Моберли-Журден

Во 1901 Шарлот Ен Моберли и Елеонор Журден не ја познавале добро територијата на Версај но одлучиле на прошетаат и да го посетат Малиот Тријанон, но се изгубиле. Тие се збуниле кога забележале млада жена како им мафта од прозорецот со бела крпа од стара напуштена куќа, луѓе во облека од старите времиња, човек кој што имал мали сипаници и жена за која што тврделе дека била Марија Антоанета. Тие за своето „патување“ напишале и книга, но биле исмејувани од јавноста.

Аеродромот на иднината

Роберт Виктор Годард бил висок командант во Кралските воздухопловни сили и тој тврдел дека со својот авион „влетал“ во друго време. Во тоа време аеродромот близу Единбург бил во лоша состојба, напуштен, со пукнатини и со добиток кој пасел наоколу, но кога Роберт полетал аеродромот одеднаш станал функционален, немало повеќе дожд и изгреало сонце, механичарите биле облечени во сино и имало 4 жолти авиони на пистата. Четири години подоцна Кралските воздухопловни сили ги обоиле нивните авиони во жолто и униформите на механичарите ги замениле со сини.

Експериментот Филаделфија

Овој експеримент требало да се одвива некаде во 1943 година, кога воениот брод Елдриџ требало да стане „невидлив“ за непријателот, односно да го снема од радарот. Некои истражувачи тврдат дека бродот се вратил во минатото заедно со екипажот за 10 секунди.

Теоријата на заговор за Монтаук

Монтаук наводно е низа на експерименти од владата на САД. Престон Николс, американски автор тврдел дека ги обновил потиснатите сеќавања за сопственото учество во истражувањето за патување низ времето. Тој исто така тврдел дека владата правела експерименти за контрола на умот.

Големиот хадронски колајдер

Откривањето на Хигсовиот бозон било теоретизирано за да се создаде уште една честичка, наречена хигс-синглет, врз што се базира и теоријата на Вејлер и неговата партнерка Чуи Ман Хо дека постои можност да скока во дополнителна, петта димензија каде што можат да се движат напред или назад во времето и повторно да се појавува во иднината или минато.

Мобилни телефони во стари филмови

Како на пример, краток клип земен од DVD верзија на филмот со Чарли Чаплин “Циркус”. Историчарите се обиделе да ја расипат нашата забава оттогаш, сугерирајќи дека предметот за кој станува збор не е модерен мобилен телефон туку рано слушно помагало што случајно изгледа како телефон. Хенри Фонда и Ширли Темпл држат нешто што изгледа како Ајфон во филмот „Fort Apache“ во 1948 година.

Бесмртен актер Николас Кејџ

На интернетот се појавија фотографии од Кејџ, или пак некој кој што многу наликува на него фотографирани пред повеќе од еден век.

Џон Титор

Џон Титор било лицето кое што тврдело дека доаѓа од 2036 година и „предвидувал“ што ќе се случува во наредните години. За САД кажал дека ќе се подели на 5 дела и животната средина и инфраструктурата ќе бидат уништени од нуклеарни напади. Тој исто така детално ја опишал изградбата на неговата временска машина, но досега никој не се обидел да ја направи.

Интернетот

Во последните неколку години Роберт Немиров и Тереза Вилсон од Техничкиот универзитет во Мичиген, бараат на интернетот работи кои се објавени пред навистина да се случат за да пронајдат доказ за патници низ времето. На пример, двојката барала споменувања на „Комета Исон“ пред нејзиното откривање во септември 2012 година и барала споменување на „Папата Френсис“ пред тој да ја добие таа титула во март 2013 година. Но сето оваа не мора да значи дека е сигурно поради тоа што луѓето прават многу претпоставки на интернет. Роберт и Тереза не можеле да ја докажат нивната теорија и се откажале од истражувањето.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено