На еден богат странски турист во Македонија итно требало да му дадат крв од ретка крвна група. Тој ветил голема сума пари за човекот кој ќе му донира крв. Крводарителот – Македонец се согласил, но инсистирал да му се плати однапред во готово. Докторите се зачудиле:
– Господинот е многу богат и угледен човек, зар се сомневате во неговата великодушност?
– Ааа, не, во неговата великодушност не се сомневам, ама штом ќе му потече Македонска крв во вените, кој знае?!