Има повеќе од 200 држави во светот и сигурни сме дека сте слушнале за поголем дел од нив. Но има држави и територии на нашата планета за кои малку луѓе знаат дека постојат. Тие заземаат многу мала површина а некои од нив се населени со само неколку семејства.
Палау
Територија: 459 километри квадратни
Население: 21.347 жители
Република Палау е островска земја која се состои од повеќе од 300 острови од различни големини. Палау е едно од најубавите места на Земјата. Дождовните шуми се полни со уникатни растенија и птици, а нејзините територијални води се населени со 130 загрозени видови ајкули. Но, најзабележителна глетка во земјата е езерото, со повеќе од 2 милиони медузи во него.
Ниуе
Територија: 261, 46 километри квадратни
Население: 1.190 жители
Ниуе е мала островска држава во Океанија. И покрај навистина неверојатните природни убавини, туризмот не е популарен таму. Затоа, земјата во голема мера зависи од странска помош, особено од Нов Зеланд. Главниот град е само мало село со население од помалку од 600 луѓе. Но островот има свој аеродром и вистински супермаркет, кој е единствениот во целата држава.
Св.Китс и Невис
Територија: 261 километри квадратни
Население: 52.329 жители
Државата се состои од два острови: Св. Китс и Невис. Еден од главните извори на приходи е економската програма за државјанство која што овозможува на секој кој има најмалку 250.000 долари да инвестира во локалната индустрија за шеќер и со тоа да добие статус на државјанин на Св. Китс. Друг начин за добивање на државјанство е купување на имот во вредност од не помалку од 400.000 долари на било кој од двата острови.
Кнежество на реката Хат
Територија: 75 километри квадратни
Население: 30 жители
Кнежество на реката Хат е микронација која се наоѓа во провинцијата со исто име во Австралија. Основана е од Леонард Касли, кој ја прогласил својата фарма за нова и независна држава. Иако земјата не е признаена од нитуедна држава, таа сè уште има сопствена валута, поштенски марки и пасоши. Во различни делови на кнежеството, туристите можат да ги видат бистите на Неговото Кралско Височество принцот Леонард I од Хат.
Тувалу
Територија: 26 километри квадратни
Население: 10.959 жители
Тувалу е една од најмалите и најсиромашните земји во светот. Економската состојба на малата држава би можела да биде уште пострашна ако во Тувалу не добиле интернет домен .tv, кој на годишно ниво носи милиони долари за буџетот на земјата.
Науру
Територија: 21 километар квадратен
Население: 9.591 жител
Науру е најмалата независна република и најмалата островска држава на нашата планета. Науру нема ниту официјален главен град ниту систем за јавен превоз, а патиштата се користат од страна на локалните жители кои возат свои приватни возила. Еколошките проблеми ја прават републиката многу непопуларна меѓу туристите. Друг „рекорд“ на Науру е бројот на дебели луѓе: стапката на дебелина во земјата е поголема од 70%.
Кнежество Себорга
Територија: 4,91 километар квадратен
Население: 312 жители
Оваа микронација на територијата на Италија е управувана од Неговата Извонредност Марчело I. Кнежеството Себорга е всушност село со исто име близу границата со Франција. Непризнатата држава има и војска која се состои од 3 лица: министерот за одбрана и двајца гранични чувари.
Република Молосија
Територија: 0,055 километри квадратни
Население: 7 жители
Самопрогласената Република Молосија е микронација основана од Кевин Баугх, која се наоѓа во Невада, САД. Населението се состои од самиот г-дин Баугх, неговото семејство, 3 кучиња, 1 мачка и 1 зајак. Молосија има своја национална химна, национален амблем и национално знаме. Тие дури имаат и смртна казна за особено тешки кривични дела. Таа издава свои пасоши, па дури има и вселенска програма.
Суверениот Воен Ред на Малта
Територија: 0,012 километри квадратни
Население: 113.500 жители
Покрај Ватикан, на територијата на Рим има уште една мала држава, која се нарекува Суверениот Воен Ред на Малта. Неговата област е 0.012 километри квадратни, а зафаќа три згради, од кои две се наоѓаат во Рим и третата на островот Малта. Земјата има своја валута, поштенски марки, веб-страница, регистарски таблички за автомобили и пасоши. Нејзините граѓани имаат право на безвизен влез во неколку земји низ светот. Суверениот воен поредок на Малта е единствената земја во светот каде што латинскиот јазик е официјален јазик.
Кнежество Силенд
Територија: 0,004 километри квадратни
Население: 27 жители
Непризнаената држава Силенд е морска платформа која се наоѓа на 9 километри од брегот на Велика Британија. Силенд е управувана од самопрогласен принц Регент, и секој може да стане гроф, барон и војвода, се што треба да направите е да си купите благородна титула за неколку стотици британски фунти на веб-страницата на државата.