Борбата помеѓу шампионот од полусредна категорија на Светската боксерска асоцијација Мигел Кото и Антонио Маргарито, исто така шампион во полусредна категорија беше назначена како „Битката“. Натпреварот се одржал на 26 јули 2008 година, на MGM Grand во Невада, и резултирал со техничка нокаут победа за Маргарито, во 11та рунда. Маргарито бил осомничен за мамење затоа што ставил супстанца слична на гипс под боксерските ракавици.
Антониот подоцна во 2009 година не успеал да ја одбрани титулата и изгубил од Шејн Мосли. По повторна истрага била докажана измамата на Антонио и Државната атлетска комисија на Калифорнија ги одземала лиценците на Маргарито и на неговиот тренер Хавиер Капетијо на една година, почнувајќи од 10 февруари 2009 година. Новинарите го именувале како боксерот кој користел цигли за борба, а Маргарито продолжил да ги негира сите обвинувања.
Иако вистинскиот доказ бил пронајден во борбата со Шејн Мосли, Мигел Кото сакал да докаже дека истото се случило и во нивната борба. Антониот велел: „Никогаш не сум се борел со некого на нелегален начин и никогаш нема. Но таков е Кото, како плаче, секогаш полн со изговори.“
Мигел Кото барал реванш од Антонио и изјавил: „Тој изгледа и се однесува како криминалец. Маргарито не е човек и резултатите ќе бидат различни.“ Три години подоцна Кото го добил својот реванш и го победил Маргарито, по што бил сигурен дека неговата теорија е точна. Иако никогаш не било точно докажано дека Маргарито користел „цигли“ за време на натпреварот со Кото, многу обожаватели на овој спорт го сметаат Кото за вистински победник во таа борба.