Хјугет Кларк е ќерка на американскиот сенатор Вилијам Ендрјус Кларк од Монтана. Нејзиниот татко не бил од богато семејство, но успеал сам да стекне големо богатство. На крајот на 19 и почетокот на 20 век, Вилијам Кларк е еден од двајцата најбогати мажи во Америка, откако додал уште милиони кон своето богатство од рударска индустрија во Монтана. Многу негови блиски подоцна тврделе дека мотивацијата за заработка му била покрената од големата алчност.
Хјугет имала неколку полусестри и полубраќа од првиот брак на нејзиниот татко со жена по име Кетрин Стауфер. За време на бракот, Кетрин и шесте нејзини деца живееле претежно во Европа.Хјугет е родена од вториот брак на нејзиниот татко со Ана Јуџин Ла Шапел. Двојката има само две деца, Хјугет и Андре.
Таткото Вилијам бил маж кој имал развиена политичка кариера, често бил вмешан во скандали и имал сомнителни бизнис методи, но освен тоа, тој оставил на неговата ќерка Хјугет огромно богатство. Многу години подоцна, овие пари стануваат повод за бројни заговори и противречности.
Хјугет Кларк починала на 24.05.2011 година на 104-годишна возраст. Пред нејзината смрт се сместува во њујоршката болница, но не пријавува под вистинското име туку користи псевдоним. Целиот нејзин 104-годишен живот е обвиткан во мистерија.
Интересно е што Хјугет не била воопшто болна кога за прв пат влегла во болницата во 1990 година. Таа живеела таму бидејќи така избрала. Првично, причината да биде хоспитализирана била некоја престојна операција, но потоа Хјугет одлучила дека сака да остане да живее таму. Што се случило во нејзиниот живот, за да го проживее толку тајно?
Во 1928 година, кога имала 22 години, Хјугет се омажила за Вилијам Гаур, студент по право и вработен во семејство Кларк. Бракот им е исклучително краток и двајцата се разведуваат во 1930 година. Таа не се омажила повторно и нема деца.
Во овие години Хјугет никогаш не е забележана на јавни места и од тој период има само неколку нејзини фотографии. Таа живеела во Њујорк со нејзината мајка Ана, но и двете воделе затворен и таинствени живот. Она што е познато за Кларк е дека таа почувствувала силна љубов кон кукли и кон уметноста. Поседувала голема палата во Калифорнија, што не ја посетувала до 50-те години на минатиот век и друг имот во Конектикат во кој не поминала и една ноќ. Станот во Њујорк се наоѓа на Петтата авенија, се состои од кат и половина во станбена зграда и има вкупно 42 соби. По нејзината одлука да живее во болницата, таа го ослободува својот стан, кој личи на музеј, бидејќи бил исполнет со огромна колекција на кукли.
Случајот со милионите
Рани полициски извештаи откриваат истрага во врска со 500-те милиони долари кои Хјугет ги наследува, а нејзиниот сметководител и адвокатот се главни осомничени во случајот. На инспекторите им привлекло внимание продажба на лични предмети, продадени за милиони, вклучувајќи виолина „Stradivarius“ и слика на Реноар. Непосредно пред смртта на Хјугет во 2011 година, сите се возбудиле за една работа, кој ќе ги наследи милионите? На членовите на нејзиното семејство не им било дозволено да присуствуваат на погребот, ниту имало погребна служба. Нејзината смрт е опколена во точно толку мистерија како и целиот нејзин живот.
Конфликтот за наследството
Извештаите откриваат дека Хјугет всушност има направено завет во 2005 година. Таа оставила голем дел од имотот на различни институции, а делови од своите имоти во Калифорнија и Кентаки, кои во поголемиот дел од нејзиниот живот биле пусти (иако биле одржувани редовно), таа ги препишала на фондацијата “Bellosguardo”. На личниот лекар му оставила голема сума на пари, а колекцијата од кукли ја оставила на нејзината медицинска сестра. Интересно е дека адвокатот и сметководителот според тестаментот требало да добијат по 500 000 долари, имено тие биле двајцата мажи кои полицијата ги истражувала. Случајот на крајот завршува со голем судски процес, во кој се вклучени повеќе правни фирми. На крајот на септември 2013 година е постигнат договор, голем дел од богатството на Хјугет оди кај членовите на нејзиното семејство, а адвокатот и сметководителот не се обвинети и не добиваат никакви казни.
Бил Дедман е човекот кој го истражувал животот на Хјугет и напишал книга за неа, под наслов „Празни палати: Мистериозниот живот на Хјугет Кларк и трошењето на големото американско богатство“. Голем дел од информациите ги добива од нејзина братучетка, која тврди дека во последните 9 години водела чести телефонски повици со Кларк кои ги снимила.
Загатката околу богатството на Хјугет е откриена, но она што можеби никогаш нема да го дознаеме е зошто таа избрала да води толку таинствени живот? За жал, ова е прашање чиј одговор Кларк го однесе со себе во гроб.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.