Грег Бини, земјоделец, од Единбург, Шкотска, работел седум часа на топлото време во Дамфрис минатата сабота, а потоа повторно во неделата. 20-годишното момче не сфатило колку всушност бил силен топлотниот бран и штетата ја забележал во недела навечер кога на рамениците му се појавиле големи плускавци. Грег имал изгореници од втор степен.
Црвенокосиот земјоделец работел прекувремено за да заработи за одмор со пријателите на Ибица, но поради изгорениците тој не може да се движи и одреден период нема да оди на работа. Тој вели: „Забележав дека ми беше премноу топло во саботата, но мислев дека тоа е поради работата. Сериозноста на штетата ја сфатив во неделата кога се вратив од работа и забележав големи плускавци. Најлошо погодените области се мојот врат и рамења и бидејќи имама бледа кожа прилично сум чувствителен на сонце.“
Неговите родители не можеле да поверуваат дека сонцете можело да му нанесе толку многу штета и сега тие се грижат за нивниот син бидејќи тој не може да стане од креветот. Грег вели дека иако му препишале спреј и маст со кој треба да се лекува, тој преферира да користи обичен јогурт бидејќи тоа најмногу му помогнало.
Тој ги предупредува луѓето да не бидат наивни и да се заштитуваат. „Само што се вратив од патување во Австралија и таму секој ден користев крема за сончање. Кога се вратив во Шкотска мислев дека нема да биде ништо страшно затоа што времето тука и не е толку топло, но сега си ја научив лекцијата.“, вели Грег.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!