Големо браво за успехот  на 17-годишниот штипјанец Анѓел Иванов. Оваа младо момче благодарение на својата генијалност го прошетал целиот свет, но не ја заборавил и својата татковина. Пријателите, родителите и сограѓаните на Иванов се навистина горди на сите негови успеси и му посакуваат се најдобро во животот. Приказната за Анѓел вреди да се прочита и сподели.

На возраст од 17 години, Анѓел Иванов од Штип, со своите патувања низ светот го привлекуваше вниманието на неговите другари, пријатели и сите кои се наоѓаа околу него. Младиот ученик, кој завршил трета година во Приватниот Јахја Кемал Колеџ – Бутел, оваа година успешно ја завршува со голем број интернационални награди кои успеал да ги освои за време на неговите патувања.


Се започнало во втората година од средното образование кога успеал да добие сертификат на Genius олимпијадата во Обединетите Америкаски Држави, која се одржила во Њујорк. Желбата за поголем успех и со голема мотивација, оваа година со помош на своите ментори од колеџот, успеал да изработи два проекта кој ги испратил на високо рангирани олимпијади и успеал да се пласира на сите нив.

Имајќи ја можноста и големата поддршка од своите родители, Анѓел успеал да присуствува и да ги презентира своите проекти на овие интенационални олимпијади.

Ова се успесите кои што ги постигнало  младото момче:

    • BPO (Balkan Project Olympia), Belgrade – Honourable Mention (Top 4th project world wide)
    •  Genius Olympiad, Oswego – Honourable Mention, Short Movie
    •  Genius Olympiad, Oswego – Bronze Medal, Science Project
    • GUFTC (Go Up For The Climate), Dubai – Silver Medal, Science Project
    •  UNIPO (Universal Project Olympiad), Georgia – Gold Medal, Science Project
    • UNIPO (Universal Project Olympiad), Georgia – Bronze Medal, Science Project
    • GCIEPO (Golden Climate International Environmental Project Olympiad), Kenya – Silver Medal, Science project

Времето поминато на тие натпреварувања, друштвото и моментите кои ги стекнал за време на нив, засекогаш ќе останат во неговото сеќавање. Со овие постигнувања Анѓел наредната година се стреми да биде примен од повеќе високо рангирани факултети на кои би сакал да го продолжи своето студирање.

Тој себе си си има зададено цел да студира архитектура и дизајн на што е можно подобар факултет, да го унапреди своето знаење и да постигне големи успеси во животот. Ни останува само да му посакаме се најдобро на Анѓел, да продолжи со своите успеси и цели, претставувајќи ја Македонија на интернационално ниво, но исто така и своето родно место, Штип.

Извор: FB/Stipska Idila

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.

Сподели на Facebook
пати видено