Џими Проут мислел дека групата луѓе биле негови пријатели и ја трпел нивната злоупотреба неколку месеци. Тие му ги искршиле забите со чекан, му ги исекле скротумот и го антерале да си го изеде сопствениот тестис, по што човекот починал.

Исто така монструмите од Тенеси го приморале да има секс со кучето. 26-годишната Ен Колберт и 43-годишниот Захид Заман биле осудени за убиство од прв степен, а додека жените Мира Вуд и Кај Рејворт биле осудени за предизвикување и дозволување на смрт, на возрасна личност со психички проблеми. Колку години ќе изнесува казната затвор ќе биде соопштено на 27ми јуни.

Ен Колберт и Захид Заман

45-годишниот Џими бил татко на две деца и тој се приклучил на групата во 2015 година. Човекот често објавувал слики на социјалната мрежа Фејсбук, каде што се гледале повеќе повреди на неговото тело и на сликите имало опис од тип „Моето рамо ме боли.“ или пак „Чувствувам болка на телото.“

Мира Вуд и Кај Рејворт

Водачот на групата бил Захид, кој не може да оди и е во инвалидска количка. Луѓето го опишале како манипулативен, одмаздољубив и опседнат со контрола и откако го обвинил Џими дека украл нешто од него почнала и вистинската тортура. Откако го убиле човекот неговото тело го фрлиле на депонија и за да ги убедат луѓето дека тие немаат никаква врска со неговото исчезнување, почнале да го бараат Џими кај неговите роднини и пријатели.

Пријателите кои го познавале Џими велат дека тој бил нормален човек се додека не се запознал со групата и тогаш почнало да пропаѓа неговото физичко и психичко здравје. Џими за последен пат бил виден жив на 9ти февруари 2016 година, а иако негирале дека имале контакт со него бандата била видена како го влечка измаченото тело на Џими на 6ти февруари.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено