Еден стружанец, на 22-годишна возраст, со автомобилот бил во Охрид. На враќање, кај мотелот на Коцарета, автомобилот почнал да се враќа назад.
„Колата почна да оди лево-десно, овде ќе се преврте, онде ќе излета од патот. Се најдов пред влезната порта на манастирот „Свети Еразмо“. Пред да удрам во портата, некоја голема сенка го стави контејнерот меѓу колата и портата. Да не беше контејнерот, колата ќе се превртеше во провалијата, а јас ќе загинев на место“ – вели стружанецот.
Следниот ден младиот стружанец отишол во манастирот да му се заблагодари на Свети Еразмо што му го спасил животот. Човек имал текстилна фирма. Во знак на благодарност на сите во манастирот „Св. Еразмо“ им подарил пижами и 100 евра оштета за портата, која само малку била потсвиткана.
Сведоштвото е објавено и на официјалната страница на манастирот.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.