Современиот човек верува дека се што е вредно е измислено од неодамна, но тоа не е точно. Работите кои луѓето ги користат секој ден биле измислени пред стотици години, од страна на големите цивилизации. Еве неколку секојдневни работи кои го должат своето постоење на античките пронаоѓачи:
8. Чоколадо
Има ли нешто повкусно од чоколадото? Зрната од какао се користеле за да се направи чоколадото. Овој деликатес бил откриен од страна на Ацтеките и Маите пред повеќе од 3.000 години.Шпанските освојувачи го донеле чоколадото во Европа.
7. Сенка и туш за очи
Модерните жени не можат да го замислат животот без сенка и туш за очи. На ист начи размислувале и древните Египќани. Околу 4000 година п.н.е. тие користеле галенит, метал со сива, црна или сина боја, смелен во прав. Исто така користеле и минерали со зелена боја. Тие нивната шминка ја сметале за лековита и ја користеле како заштита од уроци.
6. Бетон
Бетонот бил измислен од страна на Римјаните, пред околу 2.100 години. Римјаните откриле дека со мешање на варовник со вулкански пепел се формира ефикасен малтер, кој кога ќе се искомбинира со камења и вулкански урнатини станува одличен градежен материјал. Тие го нарекувале opus caementicium.
5. Хартија
Корените на појава на хартијата потекнуваат од Кина. Откривањето на хартијата се припишува на дворјанин, по име Каи Лун, за време на периодот на Источниот Хан (25-220 н.е.).Хартија се шири кон исламскиот свет околу 8 век и средновековна Европа од 11-ти век.
4. Весници
Типичните весници се прилично „нов пронајдок“. Но Римјаните имале свој начин да ги информираат луѓето преку ѕидните весници „Acta Diurna“, или „Дневни случувања“, пред околу 131 година пред Христа. Дневните вести како политика, општествени вести, резултати на гладијаторските борби, воени успеси, раѓање и смрт, како и други приказни за интерес на општата Римската популација, биле врежани врз метални или камени плочи, ставени на јавни места како што бил Форумот.
3. Маратонска трка
Прифатеното растојание за маратонска трка изнесува 41 километар и 352 метри, наводно ова доаѓа од легендата за Феипидипидес, кој трчал на оваа оддалеченост од бојното поле на маратон до Атина во август или септември 490 година пред Христа. Тој кога стигнал во Атина извикал „Победивме“ и починал.
2. Демократија
Идејата за демократија била воведена во Атина од страна на Клистен во 507 п.н.е., врз основа на реформи создадени од Солон. Еден од демократските столбови во античка Атина биле судовите, или “dikasteria”, каде што имало порота, но не и судии. Поротата била бирана на дневна база од мажите гласачи со наполнети 18 години и оние кои што ќе бидат изберени имале обврска да се појават.
1. Нула
Нула, или пак концептот на Ништо, се дебатира со векови од страна на филозофите. Нулата денес има големо значење, иако порано била користена од Вавилонците како ознака за простор, или празнина. Маите исто така ја користеле нулата во нивните календарски системи, но повторно како нешто неважечко. Во 7-миот век во Индија нулата за прв пат почнува да се користи како број.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.