22-годишниот студент од САД, Ото Вамбиер бил осуден на 15 години казна затвор со физичка работа, во Северна Кореја, поради кражба на мал постер со политичка пропаганда поставен во хотелската соба. Тој по 17 месеци бил ослободен од делото и вратен дома. Поради секојдневното малтретирање Ото изгубил голем дел од ткивото на мозокот и сега не може да зборува и комуницира со неговото семејство.

Неговата невролошка состојба е опишана од лекарите како „ состојба на будно нереагирање“. Неврологот Даниел Кантер изјавил: „Тој не покажува знаци дека разбира било каков јазик, не одговара на вербални команди и не е свесен за неговата околина.“ Таткото на Ото, Филип силно го критикува авторитарниот режим на Ким Џонг-Ун и го обвини за „злоставување и терторизирање“ на неговиот син.

Од Северна Кореја велат дека Ото бил цело време во кома, поради ботулизам (сериозна форма на труење со храна). Лекарите подоцна докажале дека немало труење со храна.

Но кога бил донесен во болницата во САД по анализите лекарите забележале дека Ото преживеал и срцев удар, што е ретко за толку млада личност и најчесто се случува поради силна траума или пак предозирање.

На судењето на Ото Вамбиер било прикажано видео со низок квалитет на кој се гледа како некој човек отстранува постер на кој што пишува: „Ајде да се вооружаме силно со патриотизамот на Ким Џонг Ил.“ Лицето на сторителот не се гледа на снимката, така што всушност немало доказ дека се работи за Ото. Ким Џонг Ил бил татко на сегашниот лидер Ким Џонг Ун.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено