Слегува кавадарчанец од авионот во Скопје и почнува да пцуе се живо и диво. Пцуе така 15 минути без престан и кон него се приближува еден полицаец.
– Господине, од што сте толку незадоволен?
– А, од ништо… 6 месеци бев во Англија и цело време на англиски, љубезно… Хау ду Ју ду, Мау ду Ју ду… Ама друго си е во родната земја човек да си зборува на мајчиниот јазик…