Училишните насилници им подметнуваат или ги принудуваат децата со алергии да ја консумираат храната на која се алегрични, открило истражување во Австралија. Децата патат од болни алергиски реакции и голем дел од нив завршуваат во болница, затоа што ваков тип на малтертирање станува „тренд“ во Австралија.

Едно од дванаесет деца во Австралија има одредена алергија и тие имаат двојно повеќе шанси да станат жртва на училишните насилници поради тоа што алергиите често ги изолираат.

„Некои од овие страшни методи подразбираат и насилно принудување на децата да ја јадат храната на која се алергични, или пак насилниците им ја подметнуваат во јадењето. Ги одвојуваат од своите врсници и често не ги викаат за дружење и забави.“, вели Ендру Фонг професор на Универзитетот во Нов Јужен Велс.

Некои од родителите по инцидентите се одлучиле на домашно школување, поради тоа што се плашеле за животот на нивните деца.

Истражувачите велат дека овој проблем постои и во другите земји само не е доволно истражен. Слично вакво истражување имало и во САД, а за овој проблем се разговарало и во парламентот на Велика Британија.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено