Џанел Едвардс, од Бронкс, Њујорк, се упатила кон Доминиканската Република за да стави силикони во градите и задникот и да го намали стомакот. Џанел по враќањето од Санто Доминго, чувствувала болки во стомакот и починала минатиот вторник во болница.
Од аутопсијата е заклучено дека згрутчување на крвта предизвикано од хирурзите во Санто Доминго е причина за смртта на 25-годишната жена. Пластичните операции во Доминиканската Република се значително поевтини од оние во САД, но властите од САД константно предупредуваат за користење на услугите во овие сомнителни клиники, откако бројот на починати лица од вакви компликации постојано се зголемува.
Џанел била мајка на две ќерки, од кои постарата имала 7 години, а помалата само 1 година. Нејзината сестра Саманта Едвардс прва почнала да се сомнева дека сестра и има компликации од операциите.
Уште во 2014 година Центарот за контрола на болести во САД издал предупредување, откако било докажано дека 19 жени од 5 различни држави кои што биле на пластична операција во Доминиканската Република имаат микобактеријални инфекции на рани.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!