19-годишниот Нејтан Ричардсон од Англија консумирал различни пијалоци и дрога на домашна забава. Кога се варќал дома имал случајна средба со 67-годишниот пензионер, Венкинг Ху, кој бил на утринско џогирање. Ху, државјанин на Кина, бил на одмор кај неговата ќерка. Старецот имал 28 повреди на главата и вратот и починал откако бил однесен во болницата.
Ричардсон признал дека убил некого преку пораки и во живо на членови од неговото семејство и пријателите. Сведоци го виделе момчето како го влече голиот пензионер по улиците, држејки го за гениталиите. Кога бил пронајден Ху едвај дишел и на него имал само маица која што била крената нагоре.
Судијата вели дека мотив за нападот не постои, туку Ху се нашол на погрешно место во погрешно време и станал мета на ваков насилен напад. Откако го оставил телото, Нејтан се упатил кон куќата на неговиот пријател Лук Џенкинсон каде што се пресоблекол и им објаснил на сите што направил. Неговите пријатели сведочеле дека додека им објаснувал што направил Нејтан се смеел хистерично.
Нејтан имал долга историја на насилно однесување, тој бил дијагностициран со нарушување на личноста и тешкотии во учењето. Тој се изјаснил за виновен за убиството на Венкинг Ху и изјавил дека жали за своето дело. Осуден е на 19 години затвор, а неговиот пријател Лук Џенкинсон е осуден на 2 години и 9 месеци поради тоа што му помогнал на криминалец.
Инспекторот Гери Брукс изјавил: „ Во мојата 24-годишна служба во полицијата можам искрено да кажам дека немам видено толку ужасни повреди, како оние нанесени врз господинот Ху. Неговото семејство кое скршено од неговата смрт, немало причина ниту на миг да помисли дека тоа утро е последниот пат како го гледаат жив.“
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!