Воспитувачка од Кина веднаш била отпуштена од работа откако била фатена како става селотејп на устата на едно од децата, поради тоа што „јадело премногу споро“. Во видеото се гледа како малото дете плаче а останатите деца стојат и јадат, додека суровата жена му става селотејп два пати на устата.

Уште пострашен е фактот што родителите на детето ја оправдувале постапката на воспитувачката. Неводно при посета на градинката тие се пожалиле дека нивниот син јадел премногу споро и дека би било одлично доколку персоналот најде начин да го научи да јаде побргу.

Откако се појавило видеото таткото на детето изјавил: „ Можеби учителката користи погрешен метод, но сигурен сум дека тоа го направила за доброто на нашиот син.“ Родителите нема да ја тужат воспитувачката. Но сепак таа е избркана од работа поради тоа што нејзиното однесување се смета за насилен чин.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено