Семејство на Белоглави орли во Канада му посакаа добредојде на новиот член во семејството, мал јастреб. На птицата очигледно и се допаѓа нејзиниот нов живот како орел, затоа што неговите нови родители го третираат како свое и му даваат подеднакво храна како и на своите малечки.
„Мислам дека орлите го донеле јастребот во гнездото како потенцијален оброк. Ова не е толку невообичаен настан.“, вели Дејвид Хенкок, од Фондацијата „Hancock Wildlife“.
Но откатко јастребот пристигнал во гнездото односот на орлите кон него се променил и тие одлучиле да го чуваат како нивно бебе а не плен. „Тоа би можело да биде поради тоа што малиот јастерб е сличен како малите орли, или поради звуците на молење што ги испушта и тоа создава природна реакција кај орлите да се грижат за него.“, додава Дејвид.
Најважно е што малиот јастреб е добро, секогаш е нахранет и нема ривалство со неговите „браќа и сестри“. Сепак јастребите го напуштаат гнездото на родителите порано од орлите и затоа Дејвид ќе го премести малиот јастреб во природен резерват каде што ќе може да ги научи потребните вештини за преживување.