Во 1991 година принцезата Дијана била во очај од врската на принцот Чарлс со Камила Паркер Боулс. Затоа таа решила да ги сними своите најдлабоки мисли, за да подоцна авторот Ендру Мортон ја напише книгата „Дијана: Нејзината вистинска приказна“. Сега 20 години по смртта на принцезата книгата повторно ќе биде објавена заедно со изјавите од снимките на Дијана.
Дијана објаснува како се фрлила по скалите додека била бремена со принцот Вилијам во Сандрингам, Норфолк резиденција на кралицата, во јануари 1982 година:
„ Кога бев во четвртиот месец од бременоста со Вилијам се фрлив по скалите, обидувајќи се да го привлечам вниманието на сопругот, за да ме сослуша. Му реков на Чарлс дека се чувствувам толку очајно што не можев да престанам да плачам. Тој ми рече дека завивам како волк, ‘Нема да те слушам’, ми рече, ‘Секогаш ми го правиш ова, ќе одам на јавање’. Потоа се фрлив по скалите. Кралицата дотрча, преплашена, се тресеше. Знаев дека нема да го изгубам бебето иако имав модринки околу стомакот. Кога се врати тој продолжи да ме игнорира, целосно ме игнорираше. Само си излезе преку вратата.“
Дијана раскажува како само сакала луѓето да го сфатат нејзиното мачење и дека не се однесува како разгалено дете, туку само бара начин да се привикне на обврските кои и биле дадени преку ноќ, таа раскажува:
„ Не знам што се и зборување мојот сопруг (на кралицата). Тој дефинитивно и кажал за мојата булимија. И таа им кажала на сите дека поради тоа нашиот брак се распадна, поради ‘јадењето на Дијана, сигурно мора да му е многу тешко на Чарлс’. Принцот Филип исто така го поддржуваше син му. За време на караница Чарлс ми кажа дека татко му му кажал доколку бракот не почне да функционира во овие 5 години, тој може да си се врати на ергенските навики.“
Принцезата раскажува и како се онесвестила за време на посета на саем и сопругот ја обвинил неа за тоа:
„ Никогаш порано не сум се онесвестила во животот. Одевме со часови, а јас не јадевме ништо тој ден, ниту пак јас јадев нешто претходните денови. Се шетав и се чувствував ужасно, не кажав на никој како се чувствувам за да не мислат дека сум слабак. Ја ставив раката на рамото на мојот сопруг и му шепнав ‘Мили мислам дека ќе исчезнам’, и се лизнав надолу. Кралските помошници ме одведоа во соба. Сопругот ми рече дека сум можела да се онесвестам на некое тивко место, зад некоја врата. Помошниците останаа со мене а Чарлс се врати на изложбата. Бев многу уморна и не можев да стојам на нозе, се сеќавам некој рече ‘Не може да излезе вечерва мора да се одмори’, а мојот сопруг Чарлс им одговори ‘Мора да излезе вечерва, инаку ќе има драма и ќе мислат дека нешто не е во ред со неа’. Навистина нешто не беше во ред со мене.“
Принцезата Дијана во снимките раскажува дека немала поддршка и од нејзиното семејство, туку само сожалување за ситуацијата. Ова е само мал дел од изјавите на Дијана, во кои таа ја открива приказната зад навидум совршеното кралско семејство.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.