Оваа мистерија стара над 350 години сеуште ги мачи историчарите, а служи како инспирација за голем дел писатели и филмски продуценти.


Филмот со Леонардо ДиКаприо и новелата од Александар Дима се едни од најпознатите фиктивни реализации на оваа мистерија. Сепак дали Човекот со железната маска навистина постои не е утврдено, иако некои шпекулираат дека се работи за братот на кралот Луј 14ти, или пак неговиот син, а други велат дека се работи за благородник од Англија.

Се смета дека човекот за време на владеењето на Луј 14ти овој човек бил сместен во Бастил, а потоа и во други затвори ширум Франција, се додека не починал во 1703. Неговиот идентитен не е познат како и причината поради која бил затворен. Но интересен е фактот дека никој не му го видел лицето на овој човек затоа што тој секогаш носел маска.

Волтаир кој бил заробен во Бастил во 1717 година, пишувал дека овој човек носел маска направена од железо се од 1661 година и според него тој бил незаконскиот брат на Луј14ти. Од друга страна Александар Думас пишувал дека се работи за братот близнак на Луј., кој бил легалниот наследник на тронот поради тоа што се родил неколку минути пред Луј.

Најсоодветниот кандидат за човекот со железната маска бил Еустаче Даугер. За овој затвореник стигнало писмо од Маркус де Лоувоис во 1669 година дека затвореникот ќе биде префрлен во Пигнерол затворот. Паул Сонино професор по историја на Универзитетот од Калифорниа, Санта Барбара тврди дека Еустаче Даугер и мистериозниот човек со железната маска. Тој смета дека Еустаче чувал богатство и приметил дека Кардиналот Мазарин крадел од богатството и поради тоа тој му ставил маска за да молчи.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено