Ја сакам оваа жена веќе десет години и секој ден е како да ни е прв. Таа никогаш не ми вика, не е хистерична, не можеш да ја видиш без шминка или да е облечена како за по дома. Готви одлично, а домот секогаш е чист. Секогаш е насмеана, во добро расположение, а сек*от… сек*от е ммм… Понекогаш, се разбира, жалам што тоа е жената на соседот Трајко, но потоа си велам, нека си останат работите како што се.