Качана Каеткаев позира со скорпии во музејот „Рипли, верувале или не“ во Патаја, Тајланд. Бестрашната жена која е и амбасадор на Рипли, го држи рекордот за држење на скорпија во устата цели 3 минути и 28 секунди. Нејзиниот свтор светски рекорд е тоа што издржала 33 дена во стаклена просторија од 12 метри, опкружена со 5.000 живи скорпии. Таа е единствената жена во Тајланд која има два Гинисови рекорди.
Има најмалку 2.000 вида на скорпии и 40 од нив се доволно отровни за да убијат човек. Тие јадат се од инсекти го глувци, но можат да издржат и до една година без вода и храна. Иако имаат и до 12 очи, скорпиите имаат лош вид и пленот го ловат со чувството за мирис.
Научниците сеуште не можат да откријат зошто скорпиите се зелени под УВ светло. Животните користат отров за да ги претворат органите на нивниот плен во течност, затоа што не можат да јадат цврсти материи.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!