Има многу бајки за девојчето и големиот лош волк, но приказната е најпозната во Европските земји, вклучувајќи го и ликот од „Лажната баба“. Најстарата верзија од приказната потекнува дури од 17 век.
За најпознатите варијанти на приказната се смета онаа на Итало Калвино, во збирката „Италијански народни приказни“ и секако онаа од Шарл Перо и браќата Грим. Според Арне Томпсон бајката се наоѓа на 333 место во системот за класификација на народни приказни.
Според класификацијата на Арне, бајката е најпозната под имињата „Малата Црвенкапа“, „Малата црвена капа“, или едноставно „Црвенкапа“. Постојат бројни анализи направени за оваа бајка. На пример новинарката и феминистка од САД, Сузан Браунмилер дека според сексуалната анализа, бајката опишува силување. Но други луѓе тоа го толкуваат како способноста на Црвенкапа и бабата да се одбранат од волкот.
Кога станува збор за најраните верзии од приказната, можеме дека се сосема различни. Понекогаш наместо волк во приказната имало огар или врколак. Исто така во овие верзии волкот или друг вид на чудовиште ја приморува Црвенкапа да јаде месо од нејзината мртва баба и да ја пие нејзината крв. Ваков канабализам нема во поновите верзии.
Во друга верзија волкот бара од Црвенкапа да се соблече гола и да ја фрли облеката во огнот. Или пак во верзијата кога легнува во кревет со волкот но успева да се спаси затоа што му кажува дека пред тоа мора да оди до тоалет.
Во некои случаи бега од канџите на волкот со својата лукавост. Црвената качулка во некои приказни воопшто не се ни споменува. Исто така постои и варијанта каде што волкот ја јаде девојката и приказната завршува тука.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.