Камерон МекДермонт е осуден за повеќе од 200 обвиненија, вклучувајќи и силување. Тој се облекол како жена и уринирал врз непознат човек и откако бил уапсен полицијата влегла во неговиот дом со налог за претрес. Таму пронашле две видеа како силува по неколку пати две жени во бессознание. Исто така во датотеки во неговиот компјутер била пронајдена и детска порнографија.
Едната жена ја силувал 8 пати а другата 5. Тој видеата од силувањата ги потпишувал како „силување на (име на жената)“, додека пак детската порнографија ја сортирал по возраст и на секое видео пишувало „Татко и ќерка“. За Камерон нема одредено кауција, поради тоа што претставува опасност за јавноста. Неговиот татко е поранешен извршен директор на позната брокерска фирма од Њујорк.
Монструмот исто така ги клоцал и им удирал шамари на жените за да докаже дека се онесвестени. Едното видео е од 2010 година а другото од 2013. Тој направил повеќе делови од видеото од секој ужасен чин и пишувал што точно им правел на жртвите. Жртвите од видеата биле најдени од полицијата и тие тврдат дека не биле свесни дека биле силувани се додека полицајците не им го покажале видеото.
Камерон и неговото семејство имаат милиони на нивната банкарска сметка и поради тоа не добил право на кауција. 31-годишниот монструм пред судот се изјаснил дека не е виновен за ниту едно обвинение.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!