Во денешно време купувањето е толку лесно. Можете да си купите сѐ што ќе посакате во убаво уредената продавница со пријателски расположениот и пријатен персонал. И не само тоа, можете да си порачате и по телефон и истото да ви биде испорачано дома за помалку од 24 часа. Со овие современи погодности, толку е лесно да се заборави од каде доаѓаат нештата кои ги користите секој ден.
Не, не сѐ што секојдневно користите е производ на робовски труд, но фактот што има макар и еден таков случај е доволна причина за загриженост – а не е само еден случај, туку многу повеќе.
1. Кафе
Во вкупно тринаесет земји зрната кафе се собираат со робовски и детски труд.
2. Чоколада
За вас, чоколадата можеби враќа убави спомени од детството. За многу други чоколадата враќа тешки спомени на деноноќна напорна работа и влечење на џиновски торби со какао.
3. Облека
Ако се прашувате зошто некои парчиња облека се толку евтини, одговорот е во тоа што не им платиле соодветно на луѓето кои ги изработиле.
4. Електроника
Многу фабрики за електроника на своите вработени им овозможуваат работни услови како во затвор, со таа разлика што луѓето кои работат таму никому не му сториле зло.
5. Фалц чанти
Ако се подготвени да лажат за нивните производи да ги крадат заштитените марки, помислете си само што можат да им прават на луѓето коишто не можат да си дозволат да најмат скапи адвокатски тимови кои ќе ги бранат нивните интереси.
6. Гума
Земјите како Либерија, кадешто гумата се продава по ниска цена, можеби нудат добра зделка. Но не обезбедуваат никакви мерки за безбедност на работниците кои ја произведуваат истата.
7. Дијаманти
Не, не само евтините нешта се производ на евтина работна рака.
8. Шкампи
Индустријата на шкампи и ракчиња е една од најголемите индустрии која цвета благодарение на евтината работна рака.
9. Теписи
Во пет земји се злоупотребува детскиот труд, како и робовски труд, за да се произведат овие удобности.
10. Палмово масло
Иако можеби и не знаете што е тоа, ова масло се наоѓа во многу од козметичките производи кои ги користите.
11. Канабис
Сите вие што сметате дека сте слободоумни, отворени големи алтруисти бидејќи слушате реге и пушите трева, секогаш кога ќе купите џоинт поддржувате робовски труд.
12. Порнографија
Сексуалното ропство не го има само во борделите. Луѓето кои ги гледате во порно филмовите често се таму против своја волја.