Камионџија од Охајо го шокирал персоналот од болницата кога се вратил од мртвите по скоро еден час, откако имал срцев удар. Тоа што тој го видел додека бил мртов го убедило дека постои задгробен живот.
41-годишниот Брајан Милер бил на работното место кога почувствувал дека нешто не е во ред со него. Тој повикал Брза помош. Неговата главна артерија била целосно блокирана и тој доживеал срцев удар. Веднаш бил однесен во локалната болница, каде што лекарите успеале да го оживеат, но кога се освестил и ја почувствувал болката, кај него се појавила вентрикуларна фибрилација, односно неговото срце почнало силно да трепери и не можело да пумпа крв.
Лекарите се обидувале да го оживеат но не успеале. „Неговото срце не чукаше, немаше крвен притисок, немаше пулс. Размислете за тоа,“ вели Емили Бишоп една од медицинските сестри во болницата.
Милер вели дека тој го видел небесниот свет. „Единствено што се сеќавам дека ја видов светлината и почнав да одам кон неа.“, изјавил Брајан. Тој чекорел по цветна патека кон светлината, се додека не ја сретнал неговата мајка која починала неодамна.
Брајан вели дека неговата мајка му кажала дека сега не е неговото време и тој треба да се врати, за да си ги заврши работите. Според камионџијата неговата мајка била среќна и прекрасна таму. По 45 минути Брајан се вратил меѓу живите. Тој праќа порака до сите луѓе дека задгробниот живот постои и треба да веруваме во тоа. Докторите велат дека самиот факт дека немал кислород цели 45 минути е нешто неверојатно.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.