Мајката и нејзините две ќерки спиеле заедно во дневната соба на душеци затоа што сите имале стомачен вирус. 40-годишниот Џејкоб Мајк Смит го разбудил 12-годишното девојче во два часот наутро и го однел во спалната соба на нејзината мајка каде што го силувал.

Девојчето тогаш се вратило во дневната соба и сакало да легне до нејзината мајка, но тогаш забележало дека лицето и е сино а околу вратот имала чаршаф. Девојчето им раскажало на полицајците: „Се обидов да ја разбудам и викав но таа не ми одговараше, тогаш ја разбудив сестра ми и и кажав дека мама е мртва.“

Џејкоб исто така ги ограбил, ја напуштил куќата и се јавил на неговата бивша девојка да го собере пред локална сендвичара. Тој и рекол на девојката дека направил нешто многу глупаво и убил некого. Смит исто така се правдал дека мајката на девојчињата го заслужила тоа.

Полицијата го уапсила Смит, додека се криел во дворот на еден негов пријател. По извршената аутопсија на мајката била пронајдена ДНК на Смит под нејзините нокти и отпечатоци на предметите украдени од куќата. Џејкоб освен 12-годишното девојче се обидел да ја силувал и неговата постара сестра.

Тој се изјаснил за невин пред Врховниот суд во Бризбејн, за обвинението за убиство од прв степен, силување, обид за силување, нанесување телесни повреди и кражба. Против него ќе сведочат 48 сведоци и судењето ќе започне за 10 дена.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено