Компанијата „MSC Cruises“ објави дека ќе конструираат нов луксузен брод, со кој ќе можат да патуваат 6.850 патници, ќе има 2.760 кабини и ќе тежи 200.000 тони, што го прави најголемиот брод за крстарење изграден досега. Првиот брод ќе биде целосно направен во 2022 година, а од „MSC Cruises“ објавија и фотографија за тоа како би изгледал бродот.
Овој брод ќе го надмине рекордот на претходниот луксузен брод за крстарење „Кралска Карибска Хармонија од морињата“ (Royal Caribbean’s Harmony of the Seas), кој можел да собере 6.780 патници.
Футуристичката „У“ структура ќе им овозможи прекрасен панорамски поглед на морето, како и балкони од кабините. Опишани од MSC како „најмодерни и технолошки напредни бродови за крстарење“, нивните лакови се дизајнирани за понатамошно подобрување на стабилноста и хидродинамика.
Со должина поголема од 300 метри, на овој брод ќе има семејни „села“, базени, панорамска палуба и слично. Четири брода со оваа големина ќе бидат испорачани меѓу 2022 и 2026 година. Фотографија за тоа како ќе изгледа бродот беше откриена на настан на кој присуствуваа и претседателот на Франција Емануел Макрон и министерот за економија Бруно Ле Мер.
Минатата недела претседателот Макрон го поздрави најголемиот брод во Европа, Меравиглиа, исто така конструиран од компанијата „MSC Cruises“. Меравиглиа исплови од пристаништето Св. Назаире додека стотици присутни гледаа во луксузниот џин. Тој е долг 314 метри, висок 65 метри и има простор за 5.714 патници над своите 19 палуби.