Ако мислите дека зимата веќе пристигнала во вашиот град, сликиве од Ојмјакон, најстуденото село на Земјата, можеби ќе ве премислат. Со најниската температура, регистрирана во 1933г. која изнесувала -63°С, и просечната температура во јануари изнесува -50°С, ова село е најстуденото постојано населено место на оваа планета. Фотографот Амос Чапл од Нов Зеланд решил да тргне на дводневно патување од Јакутск, најстудениот голем град на Земјата, до Ојмјакон и да го овековечи секојдневниот живот во најстуденото село во светот.
„Носев само тенки панталони кога за првпат изегов надвор на -47°С. Почувувствав како студот физички да ме зграби за нозете, а другото изненадување беше тоа што плунката околу устата ми се заледи во мали иглички кои ми се забодуваа во устата“ – изјавил фотографот за weather.com
Но најголеми проблеми имал со камерата, бидејќи фокусот и зумот повремено замрзнувале и останувале нефункционални.
Централниот пазар во Јакутск е полн со месо и риба, бидејќи земјоделските култури овде не успеваат.
„Коскениот пат“ е единствениот пат до Ојмјакон.
Дури и селскиот знак вели „Ојмјакон – пол на студот“
Жена минува крај замрзната куќа на средсело.
Дебелото крзно ги топли кучињава.
Повеќето тоалети се градат надвор, бидејќи смрзнатата земја оневозможува поставување на внатрешен водовод.
Локалниот фармер ги сместува сите негови крави во оваа штала за да бидат на топло.
Единствената продавница во Ојмјакон ги снабдува селаните со сѐ што им е потребно.
Колите мора да се гаражираат во затоплени гаражи. Оставените надвор мора да бидат со вклучен мотор, инаку нема да запалат.
Котларницата на јаглен е главниот извор на затоплување за селото.