Технологијата е толку многу напредната што луѓето веќе нема што да ги прават старите телевизори од шеесеттите, но Вал не мисли така. Заедно со нејзиниот сопруг, таа го преправи стариот правлив телевизор во осветлен ретро мини бар.

Крајниот производ игледа толку добро што би помислиле дека е дело на професионалци со долгогодишно искуство зад себе. А сепак, проектот е доста едноставен. Целта ја постигнале користејќи само ткаенини и лампички за новогодишна елка.

Вал и нејзиниот сопруг го купиле овој стар телевизор со намера да го претворат во мини бар.

tv01

Првото што треба да се направи е да се извади внатрешноста. „Процесот беше лесен, иако беше доста валкана работа“, вели Вал, „слоеви и слоеви прав.“

tv02

Откако извадиле сѐ од телевизорот, Вал го обложила телевизорот со ткаенина. Потоа на горниот дел додала лампички од новогодишна елка.

tv03

Крајниот резултат изгледа навистина спектакуларно.

tv04

Сподели на Facebook
пати видено