Најголемите ѕвезди од светот беа дел од концертот на Аријана Гранде „Една Љубов“, посветен на жртвите од терористичкиот напад во Манчестер. Но разиграниот полицаец беше во центарот на вниманието кога почна да игра во круг со неколку девојчиња.
Тие играа на популарната песна од Џастин Бибер „Sorry“. Освен Џастин, настапувале и Кети Пери, Колдплеј, Нил Хоран и други, со цел да се соберат барем 3 милиони евра за фондот за вонредни ситуации со назив „Ние го сакаме Манчестер“.
Твитерџиите го пофалија полицаецот и неговиот гест, кој освен што го прави подобар полициски службеник, исто така покажува и дека е добра личност.
Еден твитерџија напишал: „Полицаецот кој игра рака за рака со публиката е всушност најдобрата работа од концертот, проклето ја сакам државата.“
Имало и коментари од тип: „Полицаецот кој што игра со децата е најдобриот дел од ноќта, вистинскиот дух на Манчестер.“
Настанот се одржа и поради тоа што имаше терористички напад во Лондон, во кој 7 лица беа убиени, а над 50 се повредени.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.