Германците му го дале името „Атлантскиот ѕид“ и неговата главна цел била да ги задржи сите кои што се противат на Третиот Рајх зад ѕидот и да спречат инвазија. Ова крајбрежна одбрана се градела помеѓу 1942 и 1944 година по должината на брегот на континентална Европа. Атлантскиот ѕид административно бил под надзор на германската армија.
Германската морнарица, била задолжена за операциите во т.н одбрана на морето. Под директна команда на Хитлер, повеќе од еден милион француските работници и робови биле регрутирани за да се изгради овој масивен ѕид. Нацистичките медиуми имале посебна пропаганда за овој ѕид. Голем дел од ѕидот е во одлична состојба денес.
Кога сојузниците ја донеле конечната одлука за да ја нападнат Нормандија во 1944 година, ѕидот паднал во рок од неколку часа. Денес има делови од ѕидод во секоја земја каде што бил изграден, иако голем дел од структурата денес не постои.
Во ѕидот имало и простории со 30-милиметарски челични врати, вентилација, и телефони. Германците направиле и паметен потег со стандардизација со што овозможиле побрза изградба и транспорт на материјали.
Д-Денот се покажал како фатален за двете страни. Потоа никој не бил заинтеренсиран да го одржува ѕидот, денес најдобро сочувана структура од него е „Todt Battery.“ Оваа структура се користела како крајбрежна артилериска станица во која имало 380-милиметарски Круп оружје со опсег до 55 километри. Секој „Todt Battery“ била заштитена од армиран бетон. Прашањето за овој ѕид да стане национален споменик сеуште не е решено.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.