Еден човек од село отишол во градот на пазар. Си купил една гуска и си тргнал накај дома. На враќање поминал низ центарот на градот и гледа – кино. Решил да види што е тоа, но на вратата не го пуштиле да влезе со гуската. Мислел, човекот, размислувал и ја скрил во панталоните.
Го пуштиле го во киното, влегол, филмот почнал, но гуската постојано мрдала и не му дозволувала да гледа. Му здосадило и и ја извадил главата преку дуќанот на панталоните. По неколку минути жената до него се онесвестила.
Ја одвеле на доктор и доккторот ја прашал:
– Што се случи?
– Си седам јас во киното, а до мене седи некој маж. Одеднаш тој ја извади онаа работа и јас се онесвестив.
– Е, што толку? Не ли си видела друг пат?
– Секако дека сум видела, ама неговата ми јадеше од пуканките.