Пирамидите во Египет не се само туристичка дестинација туку и вистинска мистерија. Колку повеќе откриваме, толку повеќе прашања излегуваат на површината поврзани за оваа древно место.
Скриени соби во Големата пирамида во Гиза
Во 1993 година роботот „Upuaut 2“ открил мала врата во јужниот дел од оската на пирамидата зад која подоцна беше пронајден празен простор и уште една врата. Во 2010 година, модернизираниот робот Djedi направи фотографии од зад првата врата на кои што се гледале бакарни рачки, и слики во црвена боја. И покрај тоа што никој не влегувал во проторијата 9 години на ѕидовите и плафонот имало свежи гребнатини.
Колку се стари пирамидите?
Според текстови пронајдени во 19 век Сфингата не била изградена туку реставрирана од страна на Кхуфу. Според тоа и според истражувањата добиени од проучување на ерозијата која се одвивала во рок од 8.000 години се става сомнеж за тоа во кој период се изградени пирамидите, ако земеме во предвид дека Сфингата е понова градба од пирамидата.
Термалната мистерија на пирамидата
Инфрацрвени термографски истражувања од 2016 година покажа необјасниви вдлабнатини под Големата пирамида, како и во близина на врвот. Египетското Министерство за антиквитети се уште не даде никакви коментари.
Технологија за изградба на пирамидите
Хемичарот Јозеф Давидовитс тврди дека блоковите биле правени еден врз друг и тоа ја објаснува нивната тежина и недостатокот на празнините меѓу нив. Сепак, геолозите и палеонтолозите тврдат дека блоковите се обработени седиментни карпи, со што се отфрла теоријата на Јозеф. Сè уште нема логична хипотеза.
Клетвата на Тутанкамон
Додека ја проучувале гробницата на Тутанкамон во 1922 година, Хауард Картер и неговиот тим во експедицијата пронашле плоча на која што пишувало дека голема казна ќе го снајде оној кој ја отворил гробницата. Картер не верувал во тоа но до 1930 година имало 22 смртни случаи на луѓето кои што биле присутни во гробницата и на членови на нивните семејства. Уште не постои објаснување за оваа клетва, но некои научници тврдат дека се работи за отров ставен на ѕидовите на гробницата и на саркофагот.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.