Десетици жени и деца трчале за да избегаат од огнот на ИСИС. На видеото се гледа како постара жена паѓа на земјата и не може да стане. Храбриот војник без опрема и заштита го ризикувал животот за да ја спаси жената. Над 8.000 цивили загинале во битката за Мосул, поради тоа што борците за ИСИС ги користеле како жив штит.

Терористите пукале со автоматско оружје во луѓето кои се обидувале да стигнат до воениот конвој на ирачката војска, во Стариот Град на Мосул. Постарата жена која што можеби била погодена од куршум, паднала на земјата и тогаш војникот кој немал никаква заштита истрчал да и помогне, а потоа му се придружиле уште неколку војници.

Ирачката војска со месеци се бори со ИСИС за да отстрани од Мосул, град кој е вто по големина, веднаш по Багдад. ИСИС го окупирал овој град уште во 2014 година, но сега поголемиот дел од градот е ослободен, а ИСИС го дава последниот отпор во делот наречен Стар Град.

Округот има посебно значење за ИСИС, бидејќи  од неговата Голема џамија  Абу Бакр ал-Багдади го прогласи т.н.  калифат. Градот претставува последното упориште на терористичките групи во Ирак.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено