Во ред, сега ќе кажете дека доколку Ве киднапираат вонземјани со сигурност ќе бидете свесни за тоа. Но НЛО истражувачите велат дека вонземјаните користат посебна метода за да ви го избришат сеќавањето за средбата. По средбата вашиот живот може да тргне по лош и по добар пат. Лошиот пат може да биде зависноста од дрога и алкохол. Според НЛО истражувачите можете да доживувате „блиц“ моменти во кои ќе се сетите на делови од средбата.
Како можете да знаете дека сте биле грабнати од вонземјани? Пред неколку дена беше објавена листа составена со помош на наводни жртви, киднапирани од страна на вонземјани. Шансите се 50:50, или се биле киднапирани од вонземјани или сте хроничен шизофреничар. Што мислите Вие за оваа листа?
1. Пропуштено време
Часови и денови на кои не се сеќавате, пропуштени моменти кои не се случиле поради некоја зависност.
2. Белези и лузни на Вашето тело
Жртвите од ваквите грабнувања предупредуваат да внимавате на ласерски белези и лузни на зглобовите и грбот.
3. Чудни звуци во ноќта
Дали ги слушате?
4. Чувството дека некој ве набљудува
Особено во вечерните часови.
5. Месечарење
Вие сте само кукла во рацете на вонземјаните.
6. Проблеми со синусите
Или било кој вид на ненадејна болест. Имате осип? Вонземјани!
7. Сонувате був
Или други животни, како на пример волкот.
8. Станувате вегетаријанец
Сега знаеме зошто ова стана тренд.
9. Ниска самодоверба
Не е до Вас, до вонземјаните е.
10. Крв на Вашата перница
Само Господ знае што Ви направиле.
11. Телевизорот се однесува чудно
Но само кога Вие поминувате покрај него.
12. Став од ормани
Ова е сигурен покзател дека нешто Ви се случило.
13. Компулзивно земање на витамини
„Си велев дека морам да останам здрава,“ вели една од наводно грабнатите жртви.
И дали Вие сте доживеале нешто од горенаведените симптоми?
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.