Човекот има 30 години, информатичар е, невработен е повеќе од 2 години, а очигледно е многу талентиран и му работи мозокот. Хакерскиот напад го извел на лаптоп стар 5 години кој одвај работи. На почеток Фејсбук му рекле дека не даваат награди на луѓе кои ги прекршиле нивните услови за користење, но откако се крена галама во локалните медиуми и особено откако CNN испрати екипа и кажа дека не сакаат да го наградат, на Фејсбук им се откинаа од срце 10.000 долари.