Дали гледањето на пиво ќе го замени гледањето на кафе? Следува објаснување на значењето на некои основни пораки.
Окото на Саурон – Внимавај да не влезеш во расправија, може да ти го помодрат окото
Чудовиште со отворена уста – После ова дома те чека кавга
Птица – ќе леташ од дома ако продолжиш вака
Череп – Утре ќе те боли глава
Годзила – Жена ти ќе те згази
Карта на светот – Ти можеш да го видиш светот, а си заглавил во кафана
Деколте – Тоа ти е од многу зјапање
Пенливи морски бранови – Пена ќе ти фати устата додека објасниш каде си бил
Диносаурус – Остаре а паметот не ти доаѓа
Око – Гледај колку е часот
Тажна патка – Само ти остана во кафаната
Среќен облак – Обично се појавува кога го пиеш првото пиво
Мало кутре – Утре цел ден ќе ја слушаш жена ти
Снешко – Штом ќе изгрее сонцето, нема да можеш да станеш од кревет
Орел – Кој високо лета – паѓа додека се враќа дома
Камила – Утре сабајле ќе се отепаш од вода пиење
Нинџа желка – Ако ја испиеш и оваа чаша ќе станеш мутант
Крокодил – Девојката со која ќе се смуваш на пијано
Жална врба – Пријателите ти се тука додека честиш
Тажна фаца – Си го испил целото пиво и сите пари
Тажен готвач – Така се чувствува жена ти во моментот