Татко монструм бил уапсен за сексуална злоупотреба на неговата 9-годишна ќерка. Учителката во училиштето го забележала девојчето како гледа порно и кога ја прашале зошто го прави тоа таа им одговорила дека сака да дознае „што и прави нејзиниот татко секоја вечер.“
31-годишниот Антони Гареј е уапсен во Сан Антониот Тексас, откако учителите од основното училиште Елк го пријавиле на социјалните служби. Девојчето пребарувало порнографска содржина на училишниот таблет.
9-годишното девојче им раскажало на учителките дека злоставувањето започнало кога таа имала 8 години. Нејзиниот татко кој и претходно бил истражуван од социјалните служби за малтретирање на малото девојче и нејзината сестра се наоѓа во притвор. Тој е обвинет за сексуална злоупотреба на дете и неговата кауција е 75.000 долари.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!