Поранешната зоолошка градина во Буенос Аирес беше затворена минатата година, за да се претвори во градски парк, но иако ветиле дека животните ќе бидат преместени во природни резервати низ Аргентина и странство, над 1.500 животни и по една година чекаат во запуштените кафези на оваа зоолошка градина.
Татнежот на лавовите, трубите на слоновите и дишењето на носорозите можат да се слушнат во какофонијата од автобуси и автомобили во еден од најнаселените делови на главниот град на Аргентина. Зоолошката е отворена во 1875 година кога овој дел од градот не бил воопшто населен.
Од здруженијата за животни сметаат дека животните живеат во стари жиевалишта и многу нехумани услови, а државата ветува дека наскоро ќе ги подобри стандардите.