31-годишната Ненси Боровик од Њујорк, по професија е фотограф и таа одлучила да ја фотографира целосната борба на нејзините родители кои боледувале од смртоносен рак, со цел да ги инспирира останатите болни од ваков вид на болест.
Нејзините родители биле во 4-тата фаза на ракот. Мајка и Лаурел се борела со рак на дојката а нејзиниот татко Хауви имал неизлечив рак на панкреасот. Тие нивното фотографско патување го започнале во 2012 година, а Хауви починал во 2013, а една година подоцна починала и неговата сопруга.
Ненси сака да сподели порака за семејство, грижа, љубов и надеж. Откако дознале за болеста наместо да потклекнат овие двајца сопружници си станале поддршка еден на друг. Тие биле во брак 34 години. Тие оделе заедно на хемо-терапии, се труделе да се насмеат еден со друг, се радувале на роденденските прослави и семејни веселби.
Ненси ја презакажала својата свадба една година порано за да биде сигурна дека нејзините родители ќе ја доживеат. На сликите се гледа и дел од погребот на Хауви. Ненси вели дека тоа го направила тоа затоа што освен подарокот на животот, треба да го видиме и лицето на смртта.
„Никогаш не планирав да го направам ова. Но бидејќи сум фотограф тоа ми дојде природно. Со помош на фотографиите ја сфаќав ситуацијата. Набргу сфатив една работа, ова не е приказна за рак, туку за живот во семејство со надеж. Знаев дека се работи за тажна приказна, но сепак чувствував надеж,“ вели Ненси.
4-та фаза од рак е и последната фаза од животот. Тоа значи дека ракот се раширил и во другите органи низ останатите делови од телото. Се смета дека на годишно ниво умираат над 40.000 жени од рак на дојка и над 40.000 мажи од рак на панкреас.