Шимпанзите се најблиските роднини на луѓето, но каде живеел последниот човеколики-мајмун се дебатира со години од страна на антрополозите. Истражувачи од Балканот откриле фосили стари над 7,2 милиони години за кои се смета дека припаѓале на пра-луѓето. Наодите укажуваат на тоа дека поделбата на човечкиот род се случила на Балканот, а не како што веруваат повеќето научници, во Африка.
До сега сите веруваа дека Африка е колевка на животот, но две студии од страна на меѓународен тим на истражувачи, предводени од Универзитетот во Торонто го претставија новото сценарио за почеток на човечката историја.
Тимот анализирал два познати примероци на фосилните хоминиди Граекопитекус фрејберги на – долната вилица од Пиргос Василисис, Грција и горен преткатник од Азмака, Бугарија. Со користење на компјутерско скенирање, тие беа во можност да ја визуелизираат внатрешната структура на фосилите и покажаа дека корените на преткатниците се споени.
Професорот Медлин Беме, кој го предводеше истражувањето, вели: „Додека големите мајмуни обично имаат две или три одделни и различните корени, корените на Граекопитекус се спојуваат и се делумно се сплотени – функција која е карактеристична за современите луѓе и кај неколку пра-луѓе, вклучувајќи ги и Ардипитекус Аустралопитекус.
На долната вилица има и дополнителен забен корен што е уште еден доказ плус дека Граекопитекус припаѓаал на предчовечката лоза. Анализата покажа дека фосилите Граекопитекус се од пред 7,24 и 7,175 милиони години – неколку стотини илјади години постари од најстарите потенцијални пра-луѓе од Африка, Сахелантропус, пред 6-7.000.000 години од Чад.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.