Илакака е мал град во југо-западниот дел од Мадагаскар. Пред 20 години овој град скоро и да не постоел со само 40 жители. За помалку од 10 години популацијата пораснала на 60.000 жители, откако луѓето од цел Мадагаскар почнале да се населуваат за да тргнат во потрага по скапоцениот камен, сафир.

Сафирот во Мадагаскар е откриен во 90-тите години, а до тогаш Илакака бил само станица за камионџиите. Но кога дошло до откритието овој град станал „главниот град на сафирите“ и дури 50% од светските резерви на сафир доаѓале токму од оваа место.

И покрај растот на економијата Илакака никогаш не станал нешто повеќе од сиромашен град, каде што луѓето живеат во дрвени колиби. Повеќето од работниците тука пристигнале со намера да се збогатат и да се вратат во своите села, но останале заробени во ситемот каде што работници од Мадагаскар се експлоатирани од страна на трговците од Тајланд и Шри Ланка.

Постојат голем број на нелегални рудари кои работат во Илакака и шверцаат голема количина од овие скапоцени камења надвор од државата. Законот скоро и да не постои и покрај присуството на полициските службеници. Денес Илакака е во лоша состојба затоа што областите со сафир се исчистени од шверцерите, а рударите се приморани да работат во длабоки дупки, кои не се безбедни за работа.

Сподели на Facebook
пати видено