Комисија на лекари ќе одржи седница за да одлучи дали 10-годишно девојче силувано од нејзиниот очув може да абортира. Девојчето од Рохтак, сeверна Индија, треба да се породи за 4 месеци и таа била константно силувана од нејзиниот очув додека мајка и не била дома. Законот во Индија не дозволува абортус по 20та недела од бременост, освен ако лекарите не потврдат дека животот на бремената жена е во опасност.
Очувот е уапсен и притворен откако мајката го пријавила и во тек е полициска истрага против него. Семејството на девојчето бара од лекарите на Пост-дипломски Институтот за медицински науки да дозволат да се изврши абортусот.
Мајката на девојчето се посомневала дека нејзината ќерка е бремена дури минатата недела и ја однела на лекар. Девојчето често останувало само со очувот, затоа што мајка и одела на работа. Очувот и се заканувал да не кажува ништо.
Индија има грозоморен рекор на силувања. Само во Њу Делхи во 2015 година имало 2.199 пријавени силувања, или во просек по 6 на ден. Околу 40.000 силувања се случуваат на годишно ниво во Индија, но се смета дека бројката е уште поголема, затоа што жртвите се плашат да ги пријават напаѓачите.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!