16-годишниот Митхун Чаухан од Индија има големи грутки по лицето и телото, поради што не му се гледа носот, устата и очите, од неговата 5-годишна возраст. Децата го навредувале и го нарекувале Дух и било побарано од него да го напушти училиштето. Преку интернет кампања жителите од неговото село и анонимни хуманитарци собирале средства за операција на Чаухан. Тие собрале 600.000 рупии, околу 8.000 евра, за серија операции кои биле спроведени во последните 6 месеци, за да се намалат туморите.
По оваа операција Чаухан може да зборува, да се смее и да гледа. Тој како и секое 16- годишно момче сака да оди во училиште, да се игра со другарчињата и да има девојка, но поради неговата состојба Чаухан мисли дека е осуден на осаменички живот, тој во интервју пред да започнат операциите изјавил: „Зошто боговите ме осудиле на ваков живот? Затоа што изгледам вака сите пријатели ме напуштија, сега никој не сака да си игра со мене. Поради мојот изглед не можам да одам на училиште, ниту пак на прошетка.“
Неговото семејство, од Навада, Индија, тврди дека грутките почнале да му се појавуваат откако лекарот му препишал погрешен лек за лекување на бемка, кога имал само 5 години. Тие мислеле дека детето е проколнато од боговите и секој ден изведувале различни ритуали. Кога го однеле Чаухан на лекар му бил дијагностициран неурофибром, ретко генетско нарушување што предизвикува тумори да растат на ткивото.
Чаухан вели дека тој не се осмелувал до сега да си го погледне лицето во огледалото, затоа што се плашел од сопствениот лик. Неговите родители го пратиле во локалното училиште кога имал 8 години, но бил вратен под изговор дека ги плашел децата.
Оваа болест се појавува кај еден во 33.000 луѓе и сеуште нема лек за неа, но лекарите во Индија веруваат дека со операции ќе можат да му го олеснат животот на Чаухан.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!