26-годишната Кхалиах Шо е студент на факултетот за општа медицина на Универзитетот во Џорџија. На неа и била дијагностицирано биполарно пореметување и и биле препишани лекови. Еден месец по земањето на лековите и се појавил осип, а кожата на усните почнала да и се лупи. Таа сега ја тужи компанијата GlaxoSmithKline за оштета од 3 милиони долари, затоа што поради нивниот лек изгубила 90% од нејзината кожа и речиси ослепела.
Иако веднаш по забележаното црвенило отишла на лекар и бил дијагностициран обичен грип и била пратена на домашно лекување. Но по само два дена Шо се разбудила во голема болка. Кожата од лицето, вратот и грбот почнала да и паѓа а на устата имала големи плускавци.
Ова оставило трајни лузни на нејзината кожа а полека почнала да го губи и видот. Во тужбата пишува дека лекувањето на Шо досега чинело 3,45 милиони долари и сметките уште ќе растат.
На почетокот лекарите во болницата ја изолирале Шо затоа што мислеле дека се работи за некоја тешка заразна болест, додека да утврдат дека е алергиска реакција на лекот. Од компанијата немало никакво предупредување дека се можни вакви последици од лекот. На Шо и бил дијагностициран Стивен-Џонсон синдром.
Шо сега има свој блог каде што ја споделува нејзината приказна. Таа полека се опоравува, косата почнала повторно да и расте и ги лекува лузните.
Lamotrigina е лекот кој и е препишан на Шо. Тоа е верзија на лекот Lamictal, кој е одобрен во САД за лекување на биполарно растројство.
Овој лек е исто така одобрен и за епилептични напади. На овој лек има предупредување за несакани реакции врз кожата, како што е Стивен-Џонсон синдромот, што е еден вид на токсична епидермална некролиза.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!