Хедер Грифит е мајката на оваа прекрасно момче. Tаа го снимила нејзиниот син Кит, во моментот кога се спремал да го отвори писмото од факултетот, кое му пристигнало на 4ти мај.
„Отвори го другар, ајде да видме дали те примиле. Возбуден ли си?“, Хедер го охрабрува својот син да го отвори писмото. Кит првин почнува полека да го кине писмото, додека мајка му дава предлог да го скине горниот дел.
Кит го чита писмото и веднаш насмевка се појавува на неговото лице и тој тивко вели: „Примен сум. Успеав.“
„Многу сум горда на тебе. Те сакам“, вели Хедер додека го прегрнува синот.
Кит е примен во посебна програма на Универзитетот на Јужна Алабама, кој им помага на студентите со попреченост да научат како да се вклопат во животот, да бидат независни и да можат да си најдат работа. Семејството има големи очекувања од Кит, затоа што тој е многу весело момче кое што игра фудбал, капитен е на тим за куглање и бил прогласен за крал на матурската забава.